Поврзете се со нас

Италија

Пирло: Трофеите се послатки кога сте тренер

Објавено

на

Андреа Пирло го освои првиот трофеј како тренер, водејќи го Јувентус до победа во италијанскиот Суперкуп, а по триумфот над Наполи призна дека овој успех има големо значење за него.

Јувентус победи со 2:0, но при минимално водство, Наполи не реализираше пенал, а Лозано имаше и голема шанса да израмни пред вториот погодок на победникот.

– Навистина сум среќен поради фактот што го освоив првиот трофеј како тренер, дури мислам и повеќе од трофеите кои ги освои како фудбалер, бидејќи водам навистина одлична екипа во клуб со богата историја.

– Ретко е двете екипи да одиграат добро во едно финале, најважно е да се победи. Кога играш навистина посветено, среќата оди во твоја корист, сакавме да потврдиме дека не сме играле во најреалното издание против Интер и вечерва покажавме желба и глад за победа.

– Уште од почетокот на сезоната се обидуваме да играме флуиден футбал, но на секој натпревар некој недостасува и навистина е тешко да задржиме ист тим на подолг период. По поразот од Интер незаслужено заработивме многу критики, па среќен сум што вечерва го освоивме трофејот, – изјавил Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни