Поврзете се со нас

Италија

Пирло соопшти непосакувана вест за Де Лихт и најави дека Роналдо ќе остане на клупата

Објавено

на

Андреа Пирло се соочува со сериозен притисок на стартот на својата тренерска авантура, бидејќи многу брзо доби низа напади од јавноста откако го бележи најслабиот старт на една натпреварувачка сезона во ерата на Андреа Ањели.

Пирло со биланс од две победи, три реми средби и еден пораз оди на гостувањето кај Специја, тим кој утре на домашен терен ќе го пречека италијанскиот првак кој секако ќе има голем императив за победа, без оглед на тоа што тренерот нема да може да смета на Сандро, Кјелини и Де Лихт, од кои овој последниот ќе мора да паузира повеќе од предвиденото.

Иако тренира со тимот веќе извесно време, Пирло на прес-конференцијата откри дека Холанѓанецот ќе мора да паузира уште неколку недели.

– За жал, Матијс Де Лихт мора да почека за враќање уште неколку седмици. Имаше посета на специјалист по операцијата која ја направи на рамото и од него побараа да почека уште некое време. Добро оди напредокот, тренира со тимот, но потребно му е уште малку време, – откри Пирло и исто така нагласи дека Кристијано Роналдо најверојатно ќе добие шанса од клупата откако беше во изолација поради Ковид 19.

– Го имаме на располагање по негативниот тест, но најверојатно нема да стартува против Специја. Важно е само да го имаме со нас, тренираше дома, но тоа не е исто со групните тренинзи, – образложи Пирло, кој вели дека не го чувствува притисокот кој го создаваат медиумите.

– Откако започнав, ретко имавме цел тим на располагање. Не сме среќни со резултатите, но среќни сме од залагањето на играчите и нивната работна етика. Не сум изненаден од притисокот кој се создава за мојата работа. Бев во центарот на вниманието 20 години како играч, па ако на нешто сум навикнат, тоа е притисокот. Не ме интересираат коментарите на луѓето од страна, – порача Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни