Поврзете се со нас

Италија

Пирло со лекција за младите фудбалери по скандалот за обложување: Имаат се што им треба во животот….. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sampdoria

Андреа Пирло ја презема Сампдорија и се соочува со голем притисок уште на самиот старт, но иако се наоѓа во моменти кога стравува за својата работа, италијанската легенда се огласи и на темата која е најактуелната на Апенините.

Скандалот со облози на нелегани платформи од страна на познатите фудбалери донесе нов сериозен потрес во Италија, па откако во јавноста излегоа имиња како оние на Ѕаниоло, Тонали, Фаџоли и Залевски, со изјави почнаа да се јавуваат и големи имиња од минатото.

Пирло говореше пред италијанските новинари и излезе со свое гледиште за цела ситуација, испраќајќи поучна порака за своите фудбалери, но и сите млади кои се пред такви искушенија со непотребни облози.

– Навистина жалам за момците кои се дел од скандалот, бидејќи се работи за навистина млади фудбалери. Тие се претставници на нашиот фудбал и навистина е жално да се видат во ваква ситуација.

– Разговарав и со моите играчи и очекуваме да нема повеќе случаи. Треба да бидат многу внимателни, ја извршуваат најубавата работа во светот. Имаат се што им треба, пари, слава и успех, а со ова ризикуваат да си ги завршат кариерите. Тоа е навистина тажно и банално, – изјави Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни