Италија
Пирло со коментар за фудбалерот кој го сметаат за негов наследник: Тој не е играч како мене, единствено фризурите ни се слични…
Фудбалска Италија влева голема надеж во младиот талент од редовите на Бреша, Сандро Тонали.
Играчот од средниот ред речиси сигурно ќе го напушти клубот ова лето и ќе се пресели во некој од европските гиганти.
За него има нескриен интерес од разни тимови ширум Европа, а предничи интересот од тимот на Јувентус кој сака да го види Тонали во своите редови.
За стилот и начинот на игра на овој фудбалер сега се огласи и Андреа Пирло, легендарниот италијански фудбалер со кој е споредуван Сандро Тонали. Пирло смета дека единствено со овој фудбалер се слични само поради фризурите и поради тоа што и двајцата играле во Бреша.
– Тој не е играч како мене. Повеќе личиме по тоа што тој игра во Бреша, каде што бев и јас, како и поради сличните фризури.
– Јас го гледам како поинаков вид фудбалер од мене.Покомплетен е од мене, подобар е во фазата на одбрана и поставувањето.
– Тој е микс од мене и други играчи. Сигурно во моментов е најталентиран италијански играч од средниот ред, но не го гледам како мој наследник затоа што игра поинаков фудбал. Убеден сум дека ќе стане голем играч.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 22 часа
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)