Поврзете се со нас

Италија

Пирло се изнервира од прашање на еден новинар: Еве вие кажете ми што да направам

Објавено

на

Екипата на Јувентус доживеа уште еден неочекуван резултат со кој направија крупен чекор наназад во битката за титулата во Серија А. „Бјанконерите“ ремизираа во Верона со 1:1, а по натпреварот јасни беа критиките на адреса на Андреа Пирло.

Новинаротна „Скај Спортс“, Џанкарло Падован упати прашање до тренерот на Јувентус поради неговите тактички замисли и му посочи дека дел од играчите не ги користел на вистинските позиции.

Тоа го налути младиот тренер на Јувентус кој упати директно прашање до Падован кој играч да го игра на таа позиција.

– Бевме во извонредна ситуација, ако ги погледнете отсутните. Алекс Сандро го прилагодив за стопер, па не можевме да измислиме повеќе од тоа. Ако ви недостасуваат четири бека, тогаш кажете ми вие што јас требаше да сторам?, – го запраша Пирло новинарот, кој пак експресно му даде одговор дека романскиот фудбалер Драгушин играл на бековската позиција.

– Драгушин не е бек и никогаш не играл како бек, тој е стопер. Пред коментарите требаше да ги гледате напреварите. Вие не сте ги гледале, -му возврати бесниот Пирло.

Преписката не застана тука затоа што Падован на Пирло му кажа дека Бернардески и Кјеза играле на тотално погрешни позиции во формацијата 3-4-2-1.

– Извинете но кого би сместиле во таа формација? Кјеза е напаѓачко крило, во таа улога играше многу натпревари. Бернардески речиси секогаш игра на таа позиција. Кога мора да направите промени, сите мора да се прилагодат на тоа, -заклучи Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни