Поврзете се со нас

Италија

Пирло призна дека Јувентус ја загубил битката со Интер за титулата

Објавено

на

Победата на Јувентус над Наполи барем привремено ќе го намали притисокот над Андреа Пирло, а тој вели дека неговите фудбалери требало да имаат ваков пристап и на претходните натпревари.

Актуелниот шампион неодамна загуби од Беневенто, па освои само бод на градското дерби со Торино, со што започнаа шпекулациите за отказ на тренерот.

– Победата е резултат на одличниот пристап, како и пожртвуваноста да се покрие позицијата на соиграч, веројатно ова ни недостасуваше на претходните натпревари. Жал ми е што не ги реализиравме контрите, бидејќи требаше да постигнеме повеќе голови.

– Не бевме доволно мотивирани на ист начин против послабо пласираните екипи и тука беше грешката, се обидувавме проблемите да ги решиме индивидуално, а не како тим.

– Нашиот приоритет сега е Топ 4 пласман, бидејќи е тешко да стигнеме на врвот. Остануваат десет натпревари, една мини-сезона која се надевам ќе ја завршиме добро и ќе се фокусираме на финалето на италијанскиот Куп, – изјавил Пирло.

На девет кола до крајот, Интер има големи плус 12 во однос на Јувентус, додека составот од Торино ќе игра и во финалет на Копа Италија против Аталанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни