Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пирло: Поразот од Барселона ни дојде добро во овој дел од сезоната

Објавено

на

Јувентус утре му гостува на Ференцварош во рамките на Лигата на шампионите, а бодовите се посебно важни и за двете екипи кои ќе се соочат во Будимпешта.

Италијанскиот клуб е фаворит, но комплицираниот почеток на сезоната под водство на новиот тренер Андреа Пирло остава надеж и за унгарскиот шампион, кој нема да се откаже од можноста да го изненади фаворитот.

Јувентус го дочекува дуелот по поразот од Барселона на домашен терен, а Пирло вели дека тој натпревар бил добар за извлекување поуки за неговите играчи.

– Овде сме да играме фудбал и да победиме, а поразот од Барселона ни покажа дека мора да се подобриме и да посветиме поголемо внимание на одредени делови од играта.

– Можеби соочувањето со Барселона толку рано во сезоната ни дојде добро, ќе бидеме во подобра форма кога ќе го играме вториот натпревар.

– Против себе имаме квалитетен противник кој не заслужи толку висок пораз од Барселона, а не треба да заборавиме дека бодовите од секој натпревар имаат иста вредност, – коментирал Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни