Поврзете се со нас

Свет

Пирло откри дека два пати бил многу блиску до трансфер во Шпанија: Имав постигнато договор со Реал, а потоа ме сакаше Гвардиола

Објавено

на

foto:www.facebook.com/sampdoria

Андреа Пирло нема баш некој позначајни успеси како фудбалски стручњак, но затоа она што го правеше на зелениот терен како фудбалер беше нешто посебно и неслучајно го имаше епитетот „фудбалски Моцарт“.

Незаборавниот играч за врска имаше неверојатна кариера во Италија и ги бранеше боите на Бреша, Интер, Милан и Јувентус, но интересно не се испроба во ниту едно друго првенство во Европа.

Пирло ја завршија кариерата во Америка, а сега открива дека во 2006-та и 2010-та година бил најблиску до трансфер во Шпанија, каде во прв план биле Реал Мадрид и Барселона.

– По крајот на Светското првенство, следеше Калчополи скандалот. Постоеја шанси Милан да игра во Серија Б, а Фабио Капело замина во Реал Мадрид. Зборував со него и директорите на Реал и постигнавме договор. Кога се вратив на пресезона со Милан, ми кажаа дека остануваме во Серија А, а јас не бев сигурен дека треба да останам. Им кажав дека имам договорено се со Реал, но потоа Галијани ме разубеди и потпишавме нов договор.

– Подоцна, во 2010-та година, Гвардиола ме сакаше во неговата Барселона. После Гампер Купот, бев во неговата канцеларија и зборувавме. Тогаш се зборуваше за трансферот на Ибра, но тој ме праша дали и јас сум слободен за трансфер во Барселона. И тогаш останав во Милан, но Гвардиола јасно ми стави до знаење дека ме посакува. Бев горд што седев во неговата канцеларија иако на крајот не се случи ништо, – открива Пирло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни