Поврзете се со нас

Италија

Пирло остана без уште еден првотимец: Јувентус потврди нов позитивен тест во својот состав

Објавено

на

Андреа Пирло постојано има проблеми со повредени важни фудбалери, а одвреме навреме списокот на недостапни играчи се зголемува и поради коронавирусот.

Денеска Јувентус објави дека позитивен тест имал Родриго Бентанкур, што значи принудна пауза за уругвајскиот фудбалер.

Иако Бентанкур не игра во најдобра форма, беше многу важен за Пирло во ситуација кога не може да смета на Артур, но сега „бјанконерите“ останаа без уште еден играч од средниот ред.

Уругваецот немал симптоми и веќе е во изолација, а наредниот период клубот ќе мора да ги следи правилата според протоколот и сите фудбалери ќе прават нови тестови за да се утврди дали има и други заразени.

Бентанкур ќе ги пропушти многу важните средби против Лацио и Порто кои се играат во сабота и вторник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни