Поврзете се со нас

Италија

Пирло не планира да се повлече по тешкиот пораз од Милан

Објавено

на

Јувентус доживеа катастрофа на можеби најважниот натпревар во обидот да се пласира во Лигата на шампионите, а тренерот Андреа Пирло заслужено трпи многу критики поради своите одлуки и начинот на кој неговиот тим одигра на дербито со Милан.

На три кола до крајот, Јувентус е во најлоша позиција за ЛШ и постојат големи шанси да извиси, што не се случило одамна. Пирло сепак не планира да се повлече.

– Тешко е да се објасни што се случуваше, кога ќе загубите со 3:0 на вака важен натпревар, тогаш е јасно дека многу работи не биле како што треба. Останува да ги анализирам причините и со студени глави да разговарам со фудбалерите.

– Нема да се повлечам од функцијата, ја преземав со голем ентузијазам и нема да се откажам. Има уште три натпревари и останувам на располагање на клубот се додека сум потребен, – изјавил Пирло.

– Имав поинаков проект во главата и сметав дека ќе имам поинаква екипа на располагање. Морав да направам одредени промени за да се адаптирам на карактеристиките на овие фудбалери, но кога нешто не оди како што треба, јас ја преземам одговорноста бидејќи имаме одлични играчи во составот, – рекол тренерот на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни