Поврзете се со нас

Италија

Пирло: Не можевме да одиграме полошо

Објавено

на

Јувентус го загуби дербито на гостувањето кај Интер и тоа го направи со катастрофална игра во Милано, а тоа го потврди и тренерот Андреа Пирло веднаш по мечот.

Во својата прва изјава, предводникот на Јувентус се обиде да го лоцира главниот проблем на неговиот тим.

– Имавме лош став уште од почетокот на средбата. Како да не излеговме на терен, се уплашивме од напаѓачката игра на Интер, па во мислите бевме фокусирани само на одбрана, а и тоа го правевме лошо.

– Ова е лош пораз, не можевме да играме полошо и нормално дека не очекував вакво нешто. Сепак, мора да продолжиме со дигнати глави и да се подготвиме за дуелот со Наполи во среда.

– Остануваме со истите амбиции и покрај поразот, она од што сум најразочаран е однесувањето, Јувентус е екипа која мора да има одредена самоувереност и амбиции во играта, – изјавил Пирло.

По денешниот пораз, Јувентус заостанува седум бодови зад Интер и Милан, со тоа што првата екипа има натпревар повеќе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни