Поврзете се со нас

Италија

Пирло мака мачи да закрпи состав и за дуелот со Специја: Без шест стандардни првотимци на вечерашниот натпревар

Објавено

на

Менаџерот на Јувентус, Андреа Пирло има сериозни проблеми во составувањето на тимот со кој ќе се соочи со Специја во вечерашниот натпревар.

Јувентус ќе бара враќање на победничките патеки по ремито против Верона во последното коло од Серија А.

Младиот стратег за натпреварот против Специја нема да може да смета на дури шест играчи кои се дел од првиот тим и кои сигурно би се нашле во почетната постава. Пауло Дибала, Џорџо Кјелини,  Хуан Куадрадо, Леонардо Бонучи и Алваро Мората ќе го прескокнат натпреварот кој е доста важен во битката за Скудетото оваа сезона.

Наместо нив од првата минута се очекува да започнат Арон Ремзи и младиот Николо Фаџоли за кого ова ќе биде прв старт во кариерата во Серија А. 20 годишниот играч од средниот ред го имаше своето деби за Јувентус против СПАЛ во натпревар од Копа Италија, а пред две кола дебитираше и во Серија А кога ги одигра последните 20 минути против Кротоне.

Од првата минута ќе започнат и Адриен Рабио и Родриго Бентанкур, а нападот ќе го предводат повторно Кјеза, Роналдо и Кулушевски.

Јувентус иако некомплетен ќе биде фаворит на средбата против Специја во натпревар во кој ќе бара враќање на победите по киксот против Верона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни