Поврзете се со нас

Италија

Пирло ја испрати првата порака како тренер на Јувентус

Објавено

на

Андреа Пирло вчера официјално беше назначен за нов тренер на Јувентус, со што за краток период ќе има втора промоција во италијанскиот клуб, кој неодамна го промовираше за тренер на У-23 тимот.

Со најновата одлука, поранешниот италијански репрезентативец ќе го наследи Маурицио Сари откако овој заработи отказ, а Пирло денеска ја испрати првата кратка порака на оваа тема.

– Многу сум среќен и почестен што добив ваква чест и доверба од Јувентус.

– Подготвен сум за оваа неверојатна можност, – напиша Пирло на Инстаграм.

Големата ѕвезда на италијанскиот и светскиот фудбал нема тренерско искуство и ќе дебитира токму на клупата на Јувентус кој зад себе има девет скудета по ред, но и уште една неуспешна сезона во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни