Пирло му одржа лекција на Дибала и му објасни зошто ја грее клупата во тимот на Алегри

pirlo-brada

Андреа Пирло имаше фантастични четири сезони како член на Јувентус во кои беше лидер на препородбата на тимот кој сега доминира во Серија А, но она што го импресионира легендарниот играч за врска кога е во прашање клубот од Торино е тоа што првите луѓе на клубот се многу амбициозни и секоја година сакаат да бидат само подобри.

Во интервјуто за „Тутоспорт“, Пирло ја пофали фантастичната работа на претседателот Ањели и главниот оперативец Марота за делувањето на трансфер пазарот, но за време на обраќањето, имаше и една сериозна замерка за аргентинската ѕвезда во тимот.

Пауло Дибала ја стартуваше новата сезона како резерва, а Пирло во своето излагање испрати една сериозна замерка до Аргентинецот, на кого се обиде да му објасни зошто ја грее клупата во тимот на Алегри.

– Не е лесно да прифатите да ја греете клупата во овој период од сезоната, тоа не е лесно за никого. Пауло сигурно ќе направи се за да врати во тимот. Ако тренира со ритамот и желбата која ја покажува Кристијано, ќе биде тешко да се остави на клупата, – порачува Пирло јасно алудирајќи на тоа дека Пауло не се залага доволно на тренинзите.

– Кога не играш, станува јасно дека нешто не правите како што треба, тогаш треба да направите уште повеќе, тоа е негова обврска бидејќи неговиот квалитет никогаш не е доведен во прашање, – појаснува Италијанецот.

Facebook Коментари