Поврзете се со нас

Италија

Пирло: Интер ја заслужи титулата, но ние можевме повеќе

Објавено

на

Јувентус се подготвува за утрешното дерби со новиот шампион Интер, а домаќините мора да одат на победа доколку сакаат да ги задржат теоретските шанси за пласман во Лигата на шампионите.

Пирло и денеска му ја честитал титулата на следниот противник, но признава дека жали за многу пропуштени шанси за подобри резултати на својата екипа.

– Настапот против Сасуоло сугерира дека ни е жал за постигнатите резултати, можевме да освоиме многу повеќе бодови ако имавме пристап како во Реџо Емилија.

– Интер беше подобар, поконстантен и погладен за резултати од нас. Средбата со новиот шампион треба да биде дополнителма мотивација, знаеме дека Интер ќе сака да победи, но ние се бориме за пласман во Лигата на шампионите, – изјавил денеска Пирло.

Натпреварот се игра утре во Торино, со почеток од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни