Поврзете се со нас

Италија

Пирло го искористил Роналдо како главна инспирација за говорот по ремито со Рома

Објавено

на

Уште кога беше објавен календарот за новата сезона, беше јасно дека Андреа Пирло ќе има навистина пеколно крштевање на стартот на својата тренерска кариера, бидејќи по дербито во второто коло со Рома, следно на програмата е големото дерби против Наполи.

Италијанскиот првак со 10 играчи на теренот успеа да се избори за реми на „Олимпико“ во Рим, пред се благодарение на фантастичниот Кристијано Роналдо кој постигна погодок во негов карактеристичен стил кој не може да го копира никој друг.

Португалецот со небесен скок ги натскока ривалите и израмни на 2:2, но претходно го постигна и првиот гол за Јувентус со пенал за кој самиот се избори.

Со тоа, Роналдо уште еднаш демонстрираше дека е клучен играч на Јуве и во системот на новиот тренер, кој пак во соблекувалната имал што да им каже на останатите фудбалери по ремито од 2:2.

Како што открива добро упатениот „Тутоспорт“ со седиште во Торино, Пирло го дал искусниот Кристијано како пример пред сите во соблекувалната, порачувајќи им дека така треба да се жрвуваат на теренот и кога се во неповолна ситуација.

– Правете ги работите како Кристијано, со 10 играчи на теренот, тој трчаше повеќе од било кој. Тој направи најмногу за тимот, – им порачал Пирло на играчите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни