Свет
Пирло доби отказ во Турција

Турскиот прволигаш Карагумрук денеска ја информираше јавноста дека го ослободува од обврските досегашниот тренер Андреа Пирло.
Поранешниот италијански репрезентативец во Турција го имаше вториот самостоен ангажман во тренерската кариера, но Карагумрук реши да му се заблагодари уште на три кола пред крајот на сезоната.
На почетокот, тимот на Пирло беше во катастрофална серија, но Италијанецот се спаси од отказ со позитивна серија, по која Карагумрук сепак ќе обезбеди опстанок и во моментов е на деветтото место на табелата во турското првенство.
Пирло има 11 победи, 11 нерешени резултати и 12 порази на досегашните средби, а сега е слободен да преговара за својот следен ангажман.
Kişiler gelip geçici, Karagümrük baki kalacak olandır. Futbol efsanesi Andrea Pirlo’ya, Karagümrüğümüze verdiği emekler için teşekkür eder, bundan sonraki kariyerinde başarılar dileriz. @Pirlo_official pic.twitter.com/IwXvayt4uk
— Karagümrüklüler (@karagumruk_fan) May 24, 2023
-
АТПпред 17 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 24 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 19 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Реал Мадрид во завршни преговори за засилување од Хетафе
-
АТПпред 18 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Англијапред 22 часа
Рио го „амнестираше“ Јунајтед и смета дека Арсенал е виновен што Сити е на чекор до трет трофеј
-
Светпред 14 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 19 часа
Реал се засили со соиграч на Димитриевски (ВИДЕО)