Поврзете се со нас

Италија

Пирло: Дибала беше незадоволен по натпреварот со Кротоне

Објавено

на

Андреа Пирло утре ќе дебитира како тренер во Лигата на шампионите, а неговиот Јувентус ќе му биде гостин на Динамо Киев во Украина.

Во пресрет на натпреварот, Пирло ја коментирал и ситуацијата со Пауло Дибала и фактот што Аргентинецот се налутил бидејќи не доби шанса на гостувањето кај Кротоне.

– Разговарав со Дибала вчера, но на начин како што разговарам со сите други фудбалери. Беше вознемирен затоа што не влезе во игра во саботата, но три месеци беше неактивен, а потоа имаше проблеми и додека беше со аргентинската репрезентација.

– Можеше да добие шанса против Кротоне, но останавме со играч помалку и таа опција веќе не беше возможна. Сега е во конкуренција, порано или подоцна ќе го видиме на теренот, но мора да бидеме внимателни бидејќи досега нема одиграно ниту минута оваа сезона.

– За него е предност што може да игра на која било позиција, добрите фудбалери сами си ја пронаоѓаат вистинската позиција. Тој е клучен играч, се работи за голем шампион и тоа ми беше јасно уште пред да ја преземам тренерската позиција, – изјавил Пирло.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни