Поврзете се со нас

Италија

Пирло бара трпение: Имаме квалитетен тим, ама…

Објавено

на

Јувентус освои само бод на гостувањето кај Кротоне што секако беше разочарување за италијанскиот шампион кој беше огромен фаворит на оваа средба.

„Бјанконерите“ губеа од новајлијата во лигата, израмнија преку Алваро Мората за да во вториот дел останат со играч помалку по наивниот потег на летното засилување Федерико Киеза. Ова е втора средба во низа на која Јувентус останува со помалку играчи на теренот (против Рома), грешки кои според Андреа Пирло не смеаат да се случуваат.

-За жал на последните два меча останавме со 10 играчи поради наши грешки, но ние сме млад тим кој треба да работи и немаше многу време за тоа со толку многу интернационалци. Младите играчи треба да стекнат искуство играјќи на натпревари и може да се случи да направат наивни грешки како дел од процесот на учење.

-Изградивме тим со квалитет, но сепак работата во тек и треба време. Момците ќе научат преку грешки, за жал тоа значи и преземање на неколку ризици во раните натпревари од сезоната. Направивме неколку грешки кога е во прашање пресингот,  но како што реков, овие работи се случуваат кога сè уште ја подмачкуваме машината. Ние вчера навистина поминавме половина час на ова тактичко движење на тренинг, ќе биде подобро, -порача Пирло.

За Јувентус сега следи мечот со Динамо Киев во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни