Поврзете се со нас

Шпанија

Пирес воодушевен од еден играч на Барселона: Чави мора да го блиндира!

Објавено

на

Робер Пирес како легенда на францускиот фудбал и незаборавен играч од „непобедливиот тим“ на Арсенал во изминатиот период се пресели на Ибица и ужива во овој предел од Шпанија заедно со своето семејство, а бидејќи е навистина близок со медиумите од Пиринеите, сега се согласи на едно ексклузивно интервју за „Спорт“.

Каталонскиот весник го контактираше поранешниот француски репрезентативец кој како аналитичар на „Канал плус“ често патува и ги коментира најважните натпревари во Европа, при што Пирес посебно издвои еден играч од актуелната Барса од кој е посебно изненаден и воодушевен.

– Како и многу други луѓе во светот, ме воодушевува Гави. Навистина сум изненаден од тоа момче кое нема ни 18 години. Пред месец и половина, кога Шпанија играше против Франција во финалето во Лигата на нации, јас бев во Италија и го следев мечот.

– Одигра импресивно на таа средба, Барселона треба да направи се што е потребно за да го блиндира и да го зачува за себе долги години бидејќи тој навистина поседува нешто специјално. Барса ги има Гави, Педри, Ансу Фати и Нико, фановите не треба да заборават дека станува збор за момчиња кои имаат од 17 до 19 години. Сите сакаат да победуваат веднаш, но Барселона ќе почне за една или две години. Верувам дека со Чави ќе излезат на вистинскиот пат, – потенцира Пирес кој додава дека е заљубен и во играта на капитенот на Барса.

– Знаете уште еден играч кој игра на спектакуларно ниво? Бускетс, според мене игра на завидно ниво во последно време, а сметам дека го одигра најдобриот меч во кариерата на споменатиот меч меѓу Шпанија и Франција, – заклучува Пирес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни