Поврзете се со нас

Англија

Пирес се пронајде себеси во актуелниот тим на Артета: Се гледа дека е фудбалски едуцирано момче

Објавено

на

Робер Пирес во текот на вчерашниот ден не исклучи можност Килијан Мбапе по вторпат да го одбие Реал Мадрид, но сега привлече внимание и со изјавата која ја даде за една ѕвезда на Арсенал.

Французинот со цело свое срце навива за Арсенал и се надева дека тимот на Микел Артета ќе стави крај на дведеценискиот пост без титула во Премиер лигата, а со играчи како Габриел Мартинели, таа цел според него е доста полесно остварлива.

Пирес се пронајде себеси во крилниот бразилски фудбалер кој навистина брилјира со својата брзина и правилно размислување на теренот, но Французинот вели дека во него препознава момче кое е одлично фудбалски школувано.

– Габриел Мартинели изгледа како мене. Се гледам себеси во него бидејќи тој е добар дриблер, постигнува голови и е навистина брз. Секогаш носи добри одлуки, игра едноставно и не се плаши да го зграпчи предизвикот.

– Дури и кога е во ситуации еден на еден, гледа дали има подобра опција за да подаде, тој е навистина тимски играч. Многу малку го познавам, но знам дека е добро едуциран и му оди нависитна добро во Арсенал. Му посакувам се најдобро, – вели Пирер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни