Поврзете се со нас

Свет

Пирес сака да биде менаџер: Можам да ви кажам дека ќе ги тренирам…

Објавено

на

Некогашниот француски репрезентативец, Роберт Пирес има намера да му се посвети на тренерскиот занает и да гради самостојна менаџерска кариера.

Пирес во изминативе години му помагаше на Арсенал, меѓутоа сега има намера посериозно да ја сфати кариерата и планира да ги земе сите тренерски лиценци во Шпанија.

-Има некои кои донеле одлука да бидат тренери или спортски директори или консултанти. Јас тргнав по овој пат и тоа ми дозволи да останам во фудбалот. Но, мислам дека тренирањето е добра работа, дури и ако е тешко на дневна основа. Мислам дека во наредните години, ќе одлучам да ги земам тренерските дипломи. И планирам да го сторам тоа во Шпанија.

-Не можам да кажам кој клуб ќе го тренирам. Искрено, не можам да бирам. Не можете да знаете каде ќе одите кога сте тренер.

-Дозволете ми да ви го дадам примерот на Сабри Ламуши кој е многу среќен во Чемпионшип, во Нотингем Форест. Тренерот се става на пазарот, а потоа анализира според предлозите што ги добива. Можам да ви кажам дека ќе ги тренирам Арсенал, Мец, Ремс, Марсеј или Вилјареал, тоа тоа не можам да го кажам. Денеска е компилицирано, -истакна Пирес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни