Поврзете се со нас

Англија

Пирес објасни каков третман добивал дриблерот Кристијано во Лондон: Не смеете да го правите тоа на „Хајбери“

Објавено

на

Робер Пирес беше еден од клучните фактори во непобедливиот тим на Арсенал и неговото име е со златни букви испишано во историјата на клубот од Северен Лондон, а како играч кој поседува уникатен рекорд во Премиер лигата, реши да проговори за еден од најталентираните играчи кои заиграле во англискиот фудбал.

На почетокот на новиот милениум, ривалството меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед беше на завидно ниво и нивните дерби пресметки беа олицетворение за борба и беспоштедна битка, па токму поради тоа, легендарниот Французин вели дека на почетокот никој не ги прифатил добро потезите на Кристијано Роналдо.

Португалецот како голобрадо момче пристигна во Англија и на почетокот на кариерата се истакнуваше со своите финти и дриблизни кои често ги разбеснуваа противниците, а Пирес сега се обиде да објасни како бил пречекуван на „Хајбери“.

– Првото кое го помислив кога го видов Роналдо беше следното: Ова момче е многу брзо. Веднаш ви бегаше со старт, не можеше никој да го стигне. Имаше неверојатен квалитет и како дете кога пристигна во Англија. Никој не можеше да предвиди дека ќе дојде на ова ниво сега, но вистината е дека тој се претвори во машина за голови, нешто што не можеше да се насети на почетокот кога беше како крилен фудбалер, – вели Пирес во интервјуто за „Рекорд“.

– Натпреварите меѓу Арсенал и Јунајтед беа многу „жешки“, а Кристијано правеше финти и на Англичаните тоа воопшто не им се допаѓаше. Постојано го удираа, едноставно не можете да играте така на „Хајбери“, со таа дрскост, во домот на Арсенал. Англичаните го удираа и го навредуваа. Му беше тешко на почетокот, но потоа дојде до израз. Кога бараат од мене да го потенцирам најголемиот негов квалитет, јас го потенцирам квалитетот за постигнување голови. Тој е машина за голови, тоа го прави перфектно. Игра за да даде гол и за да освои трофеј, тој е машина, – завршува Пирес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни