Поврзете се со нас

Шпанија

Пирес му предложи друг клуб на Мбапе: Способен е по вторпат да го одбие Реал!

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Шпанските и француските медиуми веќе го преселија Килијан Мбапе и за тоа отворено говореше и првиот човек на Ла Лига, но барем засега Французинот не ги потврдува овие гласини и се обидува да се дистанцира од шпекулациите.

Големата ѕвезда на ПСЖ е во последните месеци од договорот и веќе го информираше клубот дека нема да остане во Париз, а иако Реал е апсолутен фаворит за неговиот потпис, Робер Пирес верува дека Мбапе одлично би „легнал“ и во тим како Ливерпул.

Поранешниот француски репрезентативец беше член од златната ера на Арсен Венгер во Арсенал, но таквиот статус не му смета да го препорача Ливерпул како идеално место за неговиот сонародник.

– Жалам што морам да кажам, но Мбапе не беше првиот голем Французин кој го одби реал Мадрид. Не знам која одлука ќе ја донесе, но јас го одбив Реал бидејќи имав две други понуди. Ако ги немав понудите од Арсенал и Јувентус, трета опција ми беше Реал.

– Јас искрено би сакал да го видам Мбапе во Ливерпул, тоа е голем клуб, убаво семејство, има добра структура. Таму нема да има толку голем притисок и навивачите ќе бидат постојано зад него. Покрај тоа, тандем Мбапе-Салах би бил навистина експлозивен. Јас се уште верувам дека Мбапе е способен да го одбие Реал!, – вели Пирес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни