Поврзете се со нас

Англија

Пирес го откри најлошиот ривал од Јунајтед: Постојано ме навредуваше и ме пцуеше на теренот

Објавено

на

Робер Пирес мина шест успешни сезони во Арсенал и беше дел од златната ера на клубот кој тогаш настапуваше на „Хајбери“, па како член на тимот кој остана непобеден цела сезона, сега се потсеќа на најголемите ривалства од тие денови.

Некогашниот француски репрезентативец во неколку наврати го има посочено Гери Невил како најнезгоден ривал бидејќи играа на иста страна, но сега откри и какви валкани игри користер десниот бек за да го извади од рамнотежа.

Во својата блескава кариера, Пирес 13 пати играше против тимот на Сер Алекс Фергусон, средби на кои оствари само две победи и забележа седум порази.

– Мојот рекорд со Манчестер Јунајтед е катастрофален и го знам тоа. Гери Невил сега го сметам за пријател, но психолошки гледано, во тој период секогаш ми висеше над глава.

– Постојано ми зборуваше, ме навредуваше и ме пцуеше за време на натпреварите. Ми зборуваше на брз англиски јазик и најчесто не го разбиравм ништо, но знаев дека не се убави зборови. Секогаш ми зборуваше, секогаш ме бараше на теренот, – открива Пирес за „Тајмс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни