Пирес: Арсенал не е послаб по заминувањето на Санчез

pires-zboruva

Роберт Пирес во своето последно интервју вели дека никогаш не би го заменил Арсенал со Манчестер Јунајтед, но трансферот на Алексис Санчез не го прави послаб неговиот поранешен клуб.

– Арсенал загуби квалитетен фудбалер, но за возврат исто така добивме одличен играч и за мене нема некоја разлика. Тимот не го прави еден фудбалер, а Санчез за мене е историја. Сега треба да гледаме во сегашноста и да се надеваме дека ќе проработи врската Мхитаријан-Обамејанг како во Борусија, а да ги гледам нив двајца покрај Озил е навистина возбудливо.

– Не би рекол дека резултатите на Арсенал се полоши, затоа што конкуренцијата во Премиер лигата е навистина жестока, седум екипи се борат за титулата и тоа ја отежнува работата на сите. Близок сум со Венгер и знам дека негова главна цел секоја сезона е да ја освои Премиер лигата, но тоа не може да се случи секогаш кога ќе посакате. Важно за Арсенал е постојано да се бори за трофеи, а сезонава приоритет се Лига купот и Лига Европа која има посебно значење, – потенцира поранешниот француски фудбалер.

Facebook Коментари