Пипо Инѕаги постигна хет-трик, па направи потег со кој ги изнасмеа фановите (Видео)

pippo

Фудбалските фанови се уште не го заборавиле Пипо Инѕаги, чии голгетерски квалитети донесоа и многу голови во дресовите на екипите за кои настапуваше и италијанската репрезентација.

Актуелниот тренер на Венеција го одигра второто полувреме на прошталниот натпревар на Андреа Пирло и успеа да постигне хет-трик во ремито 7:7 на „Сан Сиро“, повторно потсетувајќи на своите најдобри денови.

По средбата, Инѕаги ги изнасмеа фановите откако не заборави да си ја побара топката со која постигна три гола, нешто што е традиција на фудбалските натпревари. Со дозвола на славеникот Пирло, Пипо веројатно ќе ја збогати својата колекција.

Facebook Коментари