Поврзете се со нас

Италија

Пипита си оди од Јувентус, го менува докажан напаѓач од Серија А

Објавено

на

Од поодамна е познато дека аргентинскиот напаѓач од редовите на Јувентус, Гонзало Игуаин ќе го напушти Торино по крајот на сезоната.

Маурисио Сари е во потрага по негова замена, а како што пишува „Калчомеркато“, се чини дека изборот паднал врз искусниот напаѓач на Рома, Един Џеко.

„Босанскиот дијамант“ игра одлично во дресот на „волчицата“, па и покрај тоа што е во поодминати години е посакуван од страна на најдобриот италијански клуб.

34 годишниот Џеко во таборот на Рома има одиграно вкупно 214 натпревари на кои постигнал 104 погодоци од кои 17 ги постигнал само оваа сезона.

Рома има проблеми со финансиите, па добра понуда од страна на Јувентус дефинитивно ќе го натера клубот од главниот град на Италија да разгледа продажба на Џеко кој лесно би се договорил со актуелниот владетел во калчото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни