Пипен за споредбите на Дончиќ со Џордан: Има ли шест титули? (Видео)

doncic

Лука Дончиќ во оваа натпреварувачка сезона блеска во НБА лигата и од натпревар во натпревар соборува многу рекорди, односно испишува нова историја.

Меѓу оние кои ги мина беше и легендарниот Мајкл Џордан и тоа по бројот на постигнати поени, асистенции и скокови во низа. Имено Џордан во својата кариера имаше период со 18 средби од најмалку 20 поени, 5 асистенции и 5 скокови, рекорд кој Лука го мина во актуелнава сезона на дуелот со Сакраменто Кингс (19 средби).

Токму поради ова почнаа да се прават некои споредби меѓу поранешниот член на Реал Мадрид и Џордан, нешто што го отфрли и самиот Дончиќ кој порача:

-Постојат многу статистики кои се во тек .. Мислам дека има малку премногу статистика. Никој не можете да споредите со Мајкл Џордан. Тој е единствен. Овие е само статистика, -рече младата ѕвезда на Далас Маверикс.

На оваа тема околу Џордан и Лука се огласи и Скоти Пипен кој за ТМЗ Спортс кратко порача:

-Зарем веќе има шест титули? -праша Пипен.

Facebook Коментари