Поврзете се со нас

НБА

Пипен: Најмногу уживав во сезоните без Џордан

Објавено

на

Скоти Пипен имаше одлична кариера во која заедно со Мајкл Џордан освоија шест шампионски титули во Чикаго Булс, меѓутоа се чини дека по емитувањето на документарецот „Последниот танц“ нивниот однос се расипал, нарушил и за тоа информираа американските медиуми.

Наводно Пипен му е лут на Џордан поради начинот на кој е прикажан во серијалот, а во тој контекс одат и неговите изјави од кои последната е дека најмногу уживал во кошарката додека Ем-Џеј бил во пензија (првата пауза на Џордан од 1993 до 1995).

-Во тие моменти најмногу уживав во мојата НБА кариера. Немојте погрешно да ме сфатите, уживав да играм со Џордан, ама тоа ми беше шанса да ја предводам екипата и да видам каде се наоѓам меѓу останатите супер ѕвезди во лигата, -истакна Пипен.

Токму таа сезона 1993-1994 е најдобра во кариерата на Пипен кој реализираше по 22 поени, 8, 7 скокови, 5,6 асистенции и 2,9 украдени топки во регуларниот дел и во плеојфот каде имаше бројки од 22,8 поени, 8,3 скокови, 4,6 асистенции и 2,4 украднеи топки.

Во таа кампања Чикаго во конференциското полуфинале загуби од Њујорк Никс со 4-3.

Џордан се врати доцна во следната сезона, меѓутоа го немаше потребниот ритам, па заедно со Пипен и компанија загубија во разигрувањето од младиот тим на Орландо Меџик предводен тогаш од Шекил О Нил и Пени Хардавеј.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни