Поврзете се со нас

Македонија

Пионерите на РК Алкалоид остварија пет победи за полуфинале на турнирот во Нант

Објавено

на

Пионерите на ракометниот клуб Алкалоид го продолжија успешниот настап на турнирот во Нант и со перфектен учинок стигнаа до полуфиналето.

По воведните две победи во текот на вчерашниот ден, денеска У16 тимот на РК Алкалодид славел уште три победи и си обезбеди место во битката за највисок пласман.

Прво била победена екипата на Естудијантес од Белгија со 22:12, па репрезентацијата на Бенин (30:17), за на крајот Алкалоид да го добие и дербито со француски Онис (21:9), со што е потврдено првото место во групата.

Утре во полуфиналето, младите „фармацевти“ за противник ќе ја имаат екипата на Понтеведра од Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни