Поврзете се со нас

Македонија

Пионерите на Алкалоид го освоија турнирот во Нант

Објавено

на

Пионерите на екипата на РК Алкалоид (играчи до 16 години), успеаа да ја освојат титулата на меѓународниот турнир што се одржа во Нант, Франција.

Алкалоид во завршните битки реши две шпански екипи, а двата натпревари ги играше денеска!

Прво во полуфиналето беше подобар од Цисне Понтеведра со 23:20, а потоа пак во финалето се сретна со Хихон, тим против кој играше во првото коло.

Иако првиот дел им припадна на македонските играчи со 17:12, противниците играа борбено до крај и се изборија за драматична завршница, во која Алкалоид го одби нивниот последен напад и славеше со 27:26.

Инаку избраниците на Влатко Котески на овој турнир одиграа седум натпревари и остварија триумфи на сите од нив.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни