Поврзете се со нас

Италија

Пиоли за повикот за тинејџерот Камарда: Талентот е безвременски, тој е подготвен за му помогне на тимот

Објавено

на

Милан има големи проблеми во напаѓачката линија, па поради различни причини недостапни се Леао, Жиру и Окафор, па „росонерите“ се одлучија да го стават во комбинација 15-годишниот Франческо Камарда кој доби дозвола од фудбалските власти за да може да настапи во пресметката со Фиорентина.

Камарда е огромен талент, момче кое иако има 15 години веќе игра со постари играчи, дава голови, се промовира и сега може да дојде и до сениорскиот тим, поточно да ги забележи првите минути.

-Талентот е безвременски. а Франческо сигурно има талент. Понекогаш судбината создава некои можности, па ние мора да бидеме добри во тоа да му помогнеме. Тој е многу млад, но веќе е зрел. Тој е среќен што е со нас и е подготвен да му помогне на тимот доколку има потреба.

-Тој е повикан да започне од клупата, но се разбира, може да биде вклучен. Момчето се снајде навистина добро овие денови. Во секој случај, ова ќе биде многу важно искуство за него и сигурен сум дека ќе има одлична иднина, -порача тренерот Стефано Пиоли.

Лука Јовиќ ќе биде прва опција, но Камарада ќе биде спремен ако добие шанса за настап.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни