Поврзете се со нас

Италија

Пиоли за настапот на Милан во ЛШ: Нашиот буџет е колку еден трансфер на Ливерпул и Сити

Објавено

на

Милан ги активираше подготовките за новата сезона, во која ќе ја брани титулата во Серија А и ќе има поголеми амбиции во Лигата на шампионите.

Тренерот Стефано Пиоли зборувал пред новинарите за тоа што ги очекува „росонерите“, а една од темите бил и настапот во најелитното европско натпреварување.

– Претходната сезона во ЛШ ме научи на многу работи и сметам дека не сме многу далеку да бидеме конкурентни на главните фаворити.

– Сепак, не можеме да кажеме дека треба да очекуваме Милан да го освои трофејот, не сакам да зборувам за буџети и пари, но постојат клубови како Ливерпул и Манчестер Сити.

– Тие можат да платат за еден фудбалер колку што ние ќе одвоиме за сите трансфери, мислам дека е тешко да им парираме, а тука се и клубови како Баерн Минхен, ПСЖ и Реал Мадрид. Убеден сум дека ќе се претставиме подобро и ќе им создаваме проблеми на противниците, – истакнал Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни