Италија
Пиоли за најскапото засилување во ерата на Малдини: Тој е микс на Хаверц и Кака

Стефано Пиоли ќе има многу поголем притисок во новата натпреварувачка сезона, бидејќи неговиот Милан веќе нема да биде изненадување и ќе се гледа на него како на актуелен бранител на титулата во Серија А.
„Росонерите“ како актуелни шампиони ќе влезат во новата трка за Скудетото, па иако клубот започна доста скромно, оваа седмица успеа да го договори најскапото засилување во ерата на Паоло Малдини (32 милиони евра).
Шарл Де Кетелар како огромен талент од Белгија пристигна во Милано и беше претставен како големо засилување за офанзивата на Пиоли, кој сега даде една интересна изјава за „новиот Де Брујне“, која е производ и на разговорот кој го водел со Дивок Ориги, напаѓачот кој ова лето пристигна од редовите на Ливерпул.
– За три години отсега, Де Кетелар може да стане светска класа, еден од најдобрите европски фудбалери. Веќе го запознавме во Миланело, заедно со целиот стручен штаб. Му покажав видеа од нашата игра и веднаш се гледа дека сака да учи.
– Се гледа дека е многу интелигентен и талентиран и дека го разбира фудбалот. Се гледа дека е елегантен фудбалер кој е уживање да се гледа. Го прашав неговиот сонародник Ориги за мислење и тој ми порача дека Де Кетелар е „пола Хаверц, пола Кака“. Има големи очекувања од него, но не треба да брзаме, ќе му оставиме простор да се прилагоди на новата средина, – вели Пиоли.
-
Формула 1пред 12 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Шпанијапред 13 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 12 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Англијапред 14 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Светпред 23 часа
Батистута: Долго време правевме штета, Меси не е Исус Христос!
-
Англијапред 15 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 6 часа
„Марка“: Каземиро размислува за атрактивната понуда која ја добил
-
Италијапред 24 часа
Јувентус притиска за ангажман на Паредес