Поврзете се со нас

Италија

Пиоли за драматичната атмосфера во Милан: Жал ми е за играчите и навивачите

Објавено

на

foto: x.com/AlNassrFC

Проектот на Стефано Пиоли во Милан заврши минатото лето откако многумина ја оценија сезоната за недоволно добра, но како што одминува времето, така станува се појасно дека искусниот стручњак вршел неверојатно добра работа на „Сан Сиро“.

Милан не изгледа воопшто добро оваа сезона и веќе го отпушти човекот кој го наследи Пиоли, но иако Фонсека е минато, проблемите за „росонерите“ продолжија и под водство на Сержо Консеисао.

Елиминацијата во Лигата на шампиони и трите порази во Серија А направија атмосферата во клубот да биде навистина драматична, па целата ситуација од далечина ја следи и Пиоло како актуелен тренер на Ал Наср.

– Јас сум многу далеку во овој момент, но жално е тоа што го гледам. Жал ми е за играчите и за навивачите. Ние креиравме нешто навистина магично и специјално заедно, се надевам дека Милан како клуб повторно ќе успее да ја пронајде истата енергија, – вели Пиоли во интервјуто за „Скај Спорт Италија“.

Пиоли беше човекот кој му го донесе првото Скудето на Милан по пауза од една деценија, а во својот мандат на „Сан Сиро“, Стефано го одведе тимот и до полуфиналето во Лигата на шампиони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни