Поврзете се со нас

Италија

Пиоли се извини: Навредата не беше наменета за Солскјер (Видео)

Објавено

на

Стефано Пиоли беше видно разочаран од елиминацијата на Милан во осминафиналето во Лигата на шампионите, а неговите навредливи зборови по последниот судиски свиреж беа протолкувани како директна навреда кон противничкиот менаџер.

Искусниот италијански стручњак беше уловен како изустува навистина невкусни зборови во моментите кога се разминуваше со менаџерот на Манчестер Јунајтед, а сега самиот тој откри дека не го навредувал Норвежанецот, туку неговиот помошник МекКена.

– Добар тим жими задников. Ти не си ништо друго освен серко… Твојата сестра има добар тим…., – гласеа зборовите кои ги испрати Пиоли, а кои биле наменети за МекКена.

– Нависитна жалам за реакцијата која ја имав. Можам да кажам само едно. Сигурно е дека нема да се повтори. Јас му честитав на Солскјер, не го навредив него, тоа беше наменето за неговиот асистент, – гласи извинувањето на Пиоли испратено преку агенцијата „АНСА“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни