Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пиоли разочаран од исходот во Еврoпа, навивачите за чудо среќни

Објавено

на

Интересна е ситуацијата во таборот на Милан, клуб кој се збогуваше од настапите во Европа откако вчера претрпе пораз од измешаниот тим на Ливерпул со 2:1.

По ваквиот расплет на настаните, Милан падна на последното место на табелата во групната фаза, па нема да оди ни во Лига Европа, што значи дека сега до крајот на сезоната им преостанува само битка за одличјата во Италија.

Стратегот на клубот, Стефано Пиоли изразни разочараност по поразот од Ливерпул кој играше со комбиниран состав на „Сан Сиро“.

– Знаевме дека оваа група е неверојатно тешка и за жал не успеавме да го задржиме доволно високто темпо. Направивме премногу грешки кои на ова ниво се скапи, тоа не чинеше и европска пролет. Дефинитивно немавме искуство за вакво натпреварување.

– Видовме какви противници постојат во Европа и каков квалитет е потребен, па ќе научиме од тоа. Нашата цел беше останување во Европа, но ќе се обидеме да извлечеме поука од ова искуство. Ова е разочарувачки, но ќе помогне во процесот на нашиот континуиран раст, -изјави Пиоли.

Интересно е тоа што навивачите на Милан ширум светот преку социјалните мрежи не кријат дека се задоволни што нивниот тим нема да игра во Лига Европа на пролет и ќе се сконцентрира само на битката за Скудетото.

Во моментов Милан е прв на табелата во Серија А, со еден бод повеќе од градскиот ривал, Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни