Пиоли повлече вистински потег, Милан закажа полуфинале со Јувентус во Купот на Италија (Видео)

calhanoglu

Екипата на Милан е третиот патник во полуфиналето на Купот на Италија и тоа откако вечерва во еден возбудлив меч кој беше решен дури по продолженијата славеше над Торино со 4-2.

Домаќините одлично ја отворија средбата на „Сан Сиро“ и по 12 минути игра поведоа со 1-0 со погодокот на Бонавентура, но потоа им дозволија на „биковите“ да се вратат во игра, па дури и да направат пресврт со головите на Бремер во 34 и 71 минута.

Потоа Милан очајно се обидуваше да дојде до израмнување, тренерот Пиоли повлече неколку потези кои се покажаа вистински со тоа што топ погодок беше влегувањето на Чалханоглу. Имено турскиот репрезентативец во 91 стрелаше за 2-2 и продолженија во Милано за да во 106 се најде на вистинско место и бие за 3-2.

Точка на триумфот стави Ибрахимовиќ во 108 на асистенција на Леао. Со овој резултат „црвено-црните“ се во полуфинале во кое силите ќе ги одмерат со Јувентус.

Facebook Коментари