Поврзете се со нас

Италија

Пиоли: Овојпат морав да го игнорирам Ибрахимовиќ!

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ ја имаше улогата на херој во големото миланско дерби кое се одигра денеска на „Сан Сиро“, не само поради фактот што постигна два гола, туку поради и целата увертира која тој ја приреди во пресрет на дуелот со Интер.

Ибра до пред неколку дена беше неизвесен за настап порази позитивниот тест на коронавирус, но откако ја доби битката со Ковид 19 и остави зад себе два негативни теста, никој не очекуваше денеска да одигра цели 95 минути.

Не само што го одигра цел меч, Златан имаше јуначко издание и со своите два гола му донесе прва победа на Милан во дерби пресметките со Интер по четири години во Серија А, а по триумфот од 2:1, Стефано Пиоли откри дека овојпат морал да го игнорнира Швеѓанецот.

Ако обично Ибра е оној кој никогаш не сака да биде повлекуван од теренот, денеска ситуацијата била обратна, односно Пиоли одлучил да го задржи на теренот и покрај тоа што Златан чувствувал замор по прележаниот коронавирус.

– Ова е многу важна победа за нас, но уште пред дербито реков дека натпреварот не е клучен за двата тима. Има уште многу натпревари пред нас и имаме работи кои треба да ги подобриме.

– Ибра? Тој беше многу изморен и побара да биде заменет, но овојпат јас бев оној кој го игнорираше Ибра на крајот, морав да го направам тоа за доброто на тимот. Златан е неверојатен, тој е клучен за овој тим со својот квалитет, посветеноста и карактерот. Тој е професионалец за пример, дава се од себе за тимот и лесно е да му бидете тренер на таков човек, – изјави Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни