Италија
Пиоли: Ова е голема неправда, но играчите треба да ја поделат вината со судијата (Видео)

Стефано Пиоли не можеше да поверува што гледа во 92-та минута кога судијата Марко Сера му одзема чист гол на Жуниор Месијас, што во дадениот случај ќе значеше победнички погодок во пресметката против Специја која се покажа како тврд орев на „Сан Сиро“.
Главниот арбитар заборави да даде предност и свирна прекршок за стартот над Ребиќ, но тука не заврши кошмарот за Милан, бидејќи по поништениот гол кој требаше да важи, следеше дополнителен шок во 96-та минута.
Специја постигна гол за 1:2 длабоко во судиското надополнување, па иако Сера јавно се извини за својата лоша проценка на акцијата, Пиоли порача дека тој мора да ја подели вината со играчите на Милан за лошиот резултат.
– Се обидов да ги смирам играчите после таа чудна ситуација, но очигледно не го направив тоа. Ова е вистинска штета, одговорни сме за голот кој го примивме на крајот, но мора да ја поделиме вината со судијата денеска.
– Знаеме дека ова е голема неправда, но треба да ја бараме вината и кај себе. Жалам што ќе го кажам ова, судијата се извини, а ние можевме да постигнеме голови во првото полувреме. Треба да се подели вината за овој пораз, – изјави Пиоли.
-
Англијапред 8 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 17 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 5 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Шпанијапред 15 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Светпред 14 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Италијапред 5 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Францијапред 13 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!