Поврзете се со нас

Италија

Пиоли откри каков е статусот на Леао на четири дена пред реваншот со Интер

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/ACMilan

Милан патува со големи проблеми на патувањето кај Специја и Стефано Пиоли нема да може да смета на најмалку пет сигурни стартери, бидејќи покрај повредениоте Рафаел Леао и Исмаел Бенасер, надвор од акција за овој меч се и Круниќ, Месијас, Ибрахимовиќ и Флоренци.

Тренерот на Милан ќе мора да бара алтернативи на утрешното гостување кај тимот кој се бори за опстанок, но сигурно со мислите ќе биде и кон тоа што следи во вторник, односно реваншот со Интер во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Пиоли заработи тежок удар и Бенасер поради операција ќе биде во аут до крајот на сезоната, но тренерот денеска даде нова информација за статусот на Леао, кој по се изгледа ќе стои на располагање за реваншот против градскиот ривал.

– Имаме нависитна неколку проблеми во важен дел од сезоната. Леао нема да може да игра и утре, но има големи шанси да тренира веќе во недела, а потоа да биде фит и да игра против Интер во вторник.

– Златан и Флоренци се уште се во аут, а против Специја нема да играат и Круниќ и Месијас. Со тешко срце, мора да кажеме дека сезоната заврши за Бенасер, тоа е навистина лоша среќа за сите. Овој спорт носи ризици и за жал Исмаел заработи лоша повреда. Сепак, го познавам неговиот карактер и сигурен сум дека ќе се врати посилен од било кога, – изјави Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни