Италија
Пиоли откри дека ги мотивирал играчите на Милан со легендарна изјава на Коби Брајант

Стефано Пиоли им се заблагодари на навивачите на Милан за спектакуларната и страшна атмосфера на „Сан Сиро“, но тој вели дека ова не било единствената инспирација која ја добиле неговите фудбалери.
Милан победи против Аталанта со 2:0 и дојде математички на само еден бод од Скудетото, кое сега е премногу блиску за тимот кој никој не го вбројуваше во фаворитите за титулата на почетокот од сезоната.
Пиоли успеа да направи чудо со овој тим на Милан, кој денеска добил и специјално видео на кое била прикажана една легендарна изјава на големиот Коби Брајант.
– Фановите беа неверојатни, сакам да им се заблагодарам за се. Не само на оние на стадионите, имаше 10 илјади фанови кога патувавме со автобусот. Тоа не запали, го одигравме последниот меч на домашен терен, а сега не чека уште едно коло.
– Пред натпреварот, им покажав на момците видео од Коби Брајант. Тој во НБА плејофот при резултат 2:0 кажа дека работата не е завршена. Истото е и за нас, работата не е завршена, мора да останеме мирни и концентрирани во клучните моменти. Кога дојдов тука, тимот имаше комплетно различни тактички концепти и различни идеали, морав да променам се и сега играчите уживаат на теренот, – изјави Пиоли.
-
Англијапред 21 час
Мерсон за повлечениот потег на Арсенал: Тој не може да биде стартер ниту во Фулам
-
Светпред 13 часа
Халанд не се однесува како голема ѕвезда и ги воодушеви присутните на плажа во Марбелја (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)
-
Светпред 22 часа
Ди Марија се плаши за местото во репрезентацијата: Само еден е сигурен!
-
Италијапред 14 часа
Малдини со рецептот „Тео Ернандес“ привлекува играч на Реал кој е во последната година од договорот (Фото)
-
Германијапред 21 час
Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски
-
АТПпред 20 часа
Циципас триумфираше во Мајорка, Надал му испрати порака: Победи го Ѓоковиќ на Вимблдон (ВИДЕО)
-
Италијапред 17 часа
Милито му испрати трансфер совет на Дибала: Желбата за одмазда ќе направи разлика