Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пиоли: Навивачите на Милан имаат право да бидат лути и разочарани

Објавено

на

Милан го доживеа првиот пораз на домашен терен во групната фаза на Лигата на шампионите, пораз од Борусија Дортмунд од 3-1 кој може да се покажаше како пресуден за екипата да не обезбеди пласман во нокаут фаза, но и да остане без Европа во продолжението од сезоната.

„Росонерите“ не реализираа и пенал на средбата на „Сан Сиро“ и затоа овој негативен резултат болен со оглед на тоа што сега на едно коло до крајот се на последната позиција во групата Ф, поточно во завршната рунда му гостуваат на Њукасл и ќе биде пеколно тешко да се оствари победа на „Сент Џејмс Парк“.

-Ова беше разочарувачка вечер за нас, знаевме дека ова е огромна можност и тоа ни тежи. Сега наша должност е да одиме во Њукасл, да одиграме добар натпревар и да се обидеме да победиме. Сè уште е ЛШ, тоа е последниот натпревар од групата и се уште имаме мали шанси за пласман,-рече тренерот Стефано Пиоло кој ги разбира фановите кои се лути и разочарани.

-Тешко е да се најдат зборовите во моментов. Исто така, мислам дека на навивачите не им треба порака. Тие имаат право да бидат лути и разочарани, а ние имаме должност да направиме подобро, бидејќи ова не беше настапот што го посакувавме. Се што можеме да направиме е да победиме во Њукасл и потоа повеќе ништо не е во наши раце. Затоа ќе се обидеме да направиме што можеме и да се надеваме, -заклучи стратегот.

Дортмунд (10 бода) во завршното коло го пречекува ПСЖ (7), а Њукасл (5) е домаќин на Милан (5) на 13 декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни