Поврзете се со нас

Италија

Пиоли: На Милан не му се потребни многу засилувања

Објавено

на

Преводникот на Милан, Стефано Пиоли смета дека на клубот не му се потребни многу засилувања за наредната сезона.

„Росонерите“ имаа извонредни резултати по рестартот на шампионатот и на крајот ја завршија кампањата на шестата позиција што значи обезбедија место во европските купови и тоа во Лига Европа. Секако ова ќе треба да се надгради, да се продолжи со добрите резултати, меѓутоа Пиоли е убеден дека тоа може да се направи само со неколку квалитетни засилувања на вистински позиции.

-Не му се потребни многу засилувања на Милан; ни требаат неколку имиња на вистински позиции. Сигурен сум дека клубот ќе ги најде вистинските решенија. Јас сум во контакт со извршниот директор Иван Газидис, со Паоло Малдини и Фредерик Масара. Заедно ќе дадеме се од себе за да го подобриме овој тим, -порача Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни