Поврзете се со нас

Италија

Пиоли: Милан доби нов лидер на теренот

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Стефано Пиоли надмина уште еден кризен период во Милан и успеа да го изнесе тимот на вистинскиот пат, па атмосферата на „Сан Сиро“ е многу подобра по серијата од шест победи на последните седум меча во домашното првенство.

„Росонерите“ се зацементираа на третата позиција и сега можат да размислуваат и за битка за второто место, особено откако Милан вчера победи и во дерби пресметката со Наполи.

Во едно тврдо дерби со доста тактички надмудрувања, Тео Ернандес беше човек на одлука и постигна гол уште во првото полувреме, а левиот бек по средбата доби и големи пофалби од својот тренер.

– Тео се стави на располагање на тимот во критичниот период и одлично одговори и како стопер. Сепак, неговата природна позиција е лево и тој има одлична конекција со Леао.

– Сметам дека Тео се мачеше минатата сезона поради разочарувањето на Светското првенство. Мундијалот се играше на средина на сезоната и тоа не влијаеше добро врз него. Се плашев како ќе одговори ментално оваа сезона, но тој е максимално позитивен. Тој прерасна во нов лидер на тимот. Тео не зборува многу на теренот, но со своето однесување и залагање е пример за останатите, – вели Пиоли.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни