Поврзете се со нас

Италија

Пиоли меѓу редови го закачи Алегри и Јувентус: Оние кои велат…

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Милан не погреши против Фрозиноне и запиша победа од 3-0, втора по ред во шампионатот, вкупно деветта во 14. коло во Серија А.

Јовиќ, Пулишиќ и Томори беа автори на головите со кои „росонерите“ стигнаа до 29 бод во лигата и со тоа не дозволија Јувентус и Интер да се оддалечат на табелата.

Тренерот Стефано Пиоли беше среќен и задоволен поради остварениот резултат, па меѓу редови го закачи Масимилијано Алегри, Кристијано Џунтоли и сите во Јувентус кои постојано порачуваат дека не целат кон врвот, првата позиција туку целта им е Топ 4.

-Оваа победа е она што ја посакувавме. Немавме победено два последователни натпревари во [Серија А] два месеци.

-Мора да целиме кон врвот и потребна ни е конзистентност за да го направиме тоа. Оние кои велат дека не се стремат кон врвот [на табелата] е затоа што не биле таму со години, -истакна Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни