Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пиоли ја пронајде клучната разлика: Тоа го уништи нашето полуфинале

Објавено

на

Милан со голем ентузијазам гледаше на полуфиналето во Лигата на шампионите откако во претходната рунда го исфрли Наполи, но ако против тимот на Спалети се одеше од рака, против градскиот ривал Интер одново видовме бледи изданија од „росонерите“.

Од стартот на 2023-та година, Милан загуби на четврто дерби во низа и со вкупни 3:0 се збогуваше од најелитното натпреварување, па иако разочараувањето е огромно меѓу симпатизерите и самите играчи од првиот тим, Пиоли смета дека ситуацијата не е толку трагична, особено ако се земе во предвид дека оваа екипа на Милан лани испадна уште во групната фаза.

– Секако дека постои разочарување, но не треба да се очајува. Ова беше неверојатно патување кое никој не го очекуваше од тим кој лани не можеше ја мине групната фаза. Никој не типуваше дека овој тим ќе ги победи Тотенхем и Наполи на патот до финалето.

– Разочарувањето за мене е поголемо поради тоа што си го уништивме нашето полуфинале со првите 15 минути на првото полуфинале. Имавме шанси да се вратиме и на вториот меч, но не успеавме.

– Немам никаква забелешка за моите фудбалери, дадоа се што имаа, пробавме да парираме со нашиот стил на игра. Сега, мора да ја завршиме сезоната на највисоко можно ниво, бидејќи ќе биде вистинска штета да не го направиме тоа. На крајот, во ова полуфинале се се сведе на првите 15 минути од првиот меч, негативата од 2:0 ја направи големата разлика, – изјави Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни