Поврзете се со нас

Италија

Пиоли: Имав жестоки дискусии со Ибрахимовиќ и Малдини

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Стефано Пиоли замина во Саудиска Арабија за да тренира еден од најдобрите играчи на сите времиња во името на Кристијано Роналдо, но за искусниот стручњак и натаму се уште се свежи сите убави и спомени кои ги имаше во родната земја како тренер на Милан.

Поради италијанскиот Суперкуп кој се игра во Ријад, Пиоли изминативе неколку дена имаше можност да се сретне со играчите и директорите на Милан, а познатите новинари не пропуштиле можност да се навратат на односот кој го имаше со Златан Ибрахимовиќ и Паоло Малдини.

Осум месеци по заминувањето од „Сан Сиро“, Пиоли открива деак се уште чувствува посебни симпатии кон Милан, период кој покрај низата убави моменти, ќе го памети и по несогласувања и жестоки дискусии кои ги имал со Ибра, но и со Малдини.

– Останав во контакт со Ибрахимповиќ и по крајот на мојата авантура во Милан. Тој ми напиша порака кога потпишав за Ла Наср, а јас му честитав после големата победа која ја оствари тимот над Реал Мадрид. Се прегрнавме кога се видовме пред неколку дена во Ријад. Беше вистинско задоволство да се тренира Ибрахимовиќ. Не беше воопшто лесно, но и поради тоа велам дека беше задоволство.

– Тој дефинитивно ќе памети една жестока дискусија која ја имавме во мојата канцеларија. Тој разговор беше многу корисен за мене, а сигурен сум дека ќе го памети и Ибра.

– Откако си заминав, останав во контакт и со Масара и Малдини. Имавме големо меѓусебно разбирање, но морам да признаам дека имав жестоки дискусии и со Малдини. Паоло е многу сличен на мене, и двајцата сме многу тврдоглави, – открива Пиоли.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни