Поврзете се со нас

Италија

Пиоли: Ибрахимовиќ се извини…

Објавено

на

Екипата на Милан загуби од Интер со 2-1 и доживеа елиминација од Купот на Италија.

Една од главните причини за поразот дефинитивно е тоа што „росонерите“ долго време мораа да играат со играч помалку во вториот дел по црвениот картон, предност која Интер максимално ја искористи и со пресврт дојде до славје и пласман во полуфиналето на ова натпреварување.

-Златан се извини, како голем шампион како што е. Тој изгоре во желбата да му помогне на тимот. Не беше лесно да се игра со играч помалку. Силен беше притисокот од Интер, -истакна тренерот Стефано Пиоли.

Ибра првиот картон го доби во првото полувреме по конфликтот со Лукаку за да во вториот дел му беше покажан уште еден по прекршкот врз Коларов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни